Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Артан Груби останува во куќен притвор

Поранешниот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, останува во куќен притвор, кој му е продолжен за нови 30 дена.

Куќниот притвор на Груби му беше одреден на 23 февруари, односно истиот ден кога тој се врати во земјава по повеќе од една година бегство.

Од затворски, Груби беше префрлен во куќен притвор на барање на Обвинителството кое таквата одлука ја донело врз основа на тоа дека се обезбедени голем број докази, дека истиот доброволно се пријавил на органите на прогонот, како и дека постојат индиции дека во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност.

Груби е второосомничен во случајот со проневери во „Државна лотарија“. Тој избега од земјава пред Обвинителството официјално да отвори истрага.

По повеќе од една година во бегство, Груби се појави на граничниот премин „Блаце“, каде што беше приведен од полицијата и спроведен во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Првоосомничен во случајот е поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА РАСЧИСТУВА ТЕЖОК СЛУЧАЈ: Новородено бебе било дадено на незаконско посвојување за пари и бенефиции

ДЕСК