Centar.mk
СВЕТ

Романија се надева дека ќе влезе во Шенген зоната

Романскиот премиер Марсел Чолаку изјави дека е уверен оти неговата земја ќе влезе во Шенген зоната до крајот на годината.

– Како што сите знаете, изборите во Австрија завршија. Сè уште не формирале нова влада. Дозволете ми да ви кажам со 99,9 отсто сигурност дека Романија ќе се приклучи на Шенген оваа година – изјави Чолаку на новинарите.

На крајот на март, Романија и Бугарија делумно се приклучија на безвизната Шенген зона на ЕУ.

Поморските и аеродромските гранични контроли за овие земји се укинати и остануваат само контролите на нивните копнени граници.

За нивното укинување потребна е уште една одлука на Советот на ЕУ, која мора да биде едногласна.

Целосниот влез на Бугарија и Романија во Шенген зоната беше блокиран од Австрија, која стравува од зголемување на бројот на мигранти.

Бугарија и Романија ќе треба да докажат дека ги исполнуваат условите за полноправно членство во Шенген зоната, особено во областа на борбата против илегалната миграција./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Израелски аналитичар: Главната претпоставка на САД и Израел беше погрешна од самиот почеток

C +

(Фото) Израелски војник уништи статуа на Исус со чекан, се огласи Нетанјаху

C +

Германија размислува за испраќање морнарица во Ормускиот теснец

C +