Centar.mk
СВЕТ

Повеќе од 1.000 британски осуденици наскоро ќе бидат ослободени поради пренатрупаност во затворите

Британските власти наскоро ќе ослободат предвремено 1.100 осуденици, како дел од владината програма за намалување на бројот на затворени лица поради пренатрупаност во казнените институции.

Минатиот месец беа ослободени 1.700 затвореници, од кои 37 беа ослободени по грешка и сега чекаат ново судење.

По првиот круг на ослободување, бројот на затвореници падна од рекордни 88.521 на 86.333, пишува британскиот ЛБЦ.

Оттогаш тој број повторно се зголеми, а во петокот во земјата беа затворени 87.028 лица.

Шемата за предвремено ослободување нема да важи за некои затвореници, вклучително и оние кои се осудени за сексуални злосторства, семејна злоупотреба, терористички дела или престапници кои отслужуваат повеќе од четири години./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Јапонија: Издадено предупредување за цунами, евакуација по должината на брегот
Оваа статија е прочитана 822 прегледи

ДЕСК

Бајден со порака до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци
Оваа статија е прочитана 799 прегледи

C +

Пожар зафати над 1.000 хектари шума во Нов Зеланд
Оваа статија е прочитана 799 прегледи

C +
error: Соддржината е заштитена.