Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Времето денеска променливо облачно со услови за слаб локален дожд

Вo Македонија времето денеска ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Утре ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Потоа во текот на следната работна седмица ќе преовладува стабилно и тивко време со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштаат под нула. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК