Centar.mk
СВЕТ

Огромен пожар во Калифорнија: повеќе од 200 семејства мораа да се евакуираат

Стотици пожарникари се бореа со пожарот што ги принуди жителите на Оукленд, Калифорнија да се евакуираат.

Пожарот, кој се прошири на површина од околу пет хектари, избувна вчера поради екстремно суви и ветровити услови, пренесе ABC News.

Според шефот на пожарникарите на градот, Дејмон Ковингтон, најмалку две згради биле оштетени, но ниту една не била целосно уништена.

„Го спречивме ширењето на пожарот. Имаме уште многу работа, но сме во многу подобра ситуација отколку пред два часа“, рече Ковингтон на прес-конференција.

Во еден момент, повеќе од 200 домаќинства добија наредба да се евакуираат.

Пожарот избувнал околу 13 часот и 30 минути по локално време во областа на планината Келер и брзо почнал да се шири поради силниот ветер.

Причината за пожарот се уште не е позната./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Taткото и синот кои го извршиja масакрот во Австралија на семејството му рекле дека одат на риболов, се истражуваат врските со Исламска држава

C +

Аналитичар: Ако ЕУ навистина сака да се прошири, тоа мора да се одрази во новиот буџет

C +

Австралискиот премиер предложи построги закони за оружје по убиството на 15 лица на плажата Бонди

C +
error: Соддржината е заштитена.