Centar.mk
СВЕТТОП ВЕСТИ

СЗО итно реагираше: Избувна смртоносна болест

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека е загрижена поради првиот потврден случај на колера во Либан разурнат од војна.

Од организацијата нагласуваат дека итно се работи на спречување на поголема епидемија.

Либанските здравствени власти неделава го потврдија првиот случај на колера во услови на ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах.

Колерата е заразна болест придружена со дијареа и повраќање и се шири преку контаминација на вода, на пример кога залихите на вода се загадени со измет.

Ризикот од избувнување секогаш постои кога многу луѓе мора да живеат во нехумани услови, поради немање основни хигиенски услови.

Се потсетува дека повеќе од милион луѓе се раселени во Либан поради израелските напади во борбата против Хезболах. Многумина живеат во тесни услови во засолништа или на отворено и немаат пристап до чиста вода.

Можеби ќе ве интересира

Пожар во фабрика за автомобили во Јужна Кореја: бројот на жртви се зголемува

C +

Човекот на Трамп кој поднесе оставка поради Иран: На ​​клучните луѓе не им беше дозволено да зборуваат

C +

Кошта: Договорот е договор, никој не може да го уценува Европскиот совет

C +