17. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Трагедија: Лиам Пејн почина на 31 година по пад од балкон на хотел

Почина Лиам Пејн (31), поранешен член на One Direction. Британскиот пејач е пронајден мртов во Буенос Аирес.

Си-ен-ен пишува дека пејачот бил пронајден мртов пред хотелот Кас Сур во луксузниот кварт Палермо, откако паднал од третиот кат. Смртта ја констатирала полицијата, а лекарите рекле дека „нема начин да се спаси“.

Очевидци за американскиот таблоид ТМЗ изјавија дека несреќата се случила нешто по 17 часот (локално време). Тие тврдат и дека Лиам претходно „се однесувал чудно во лобито на хотелот“. Напоменуваат дека го „скршил лаптопот“.

И во официјалното соопштение се вели дека полицајците биле испратени во хотелот по итен повик „во кој биле информирани за агресивен маж кој можеби бил под дејство на дрога и алкохол“. Кога стигнале, полицаецот, како што вели, слушнал силна бучава во внатрешниот двор на хотелот.

Тој беше во Аргентина на гостување на концертот на Ниал Хоран, поранешен колега од One Direction. Оваа вест ги шокираше фановите ширум светот, кои се збогуваат на социјалните мрежи.

Обожавателите се збогуваат и во коментарите на неговиот Инстаграм профил, каде го следеа над 26 милиони луѓе./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Сопругата на Робин Вилијамс откри детали за неговата состојба и причините за самоубиството

C +

Почина Габи Новак – беше легендарна југословенска и хрватска пејачка

ДЕСК

Комбето на бендот „Амадеус“ се преврте, сите биле внатре (ФОТО)

ДЕСК