Centar.mk
вестЛОКАЛНО

Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се единствени виновници за најлошиот јавен превоз во Европа

Изјава за медиуми, Љубица Јанчева, совеничка и координаторка на советничката група на СДСМ во Скопје

Извештајот на Европската Комисија јасно го потврдува она што скопјани го чувствуваат секојдневно: јавниот превоз во Скопје е во катастрофална состојба, најлош во Европа!

Ваквата состојба е директен резултат на неспособноста на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката Данела Арсовска, кои, за само 3 години владеење, успеаја да го доведат Скопје на дното, не само во транспортот, туку и во сите други области.

Наместо да ги исполнат ветувањата за инвестиции и модернизација на јавниот превоз, станавме сведоци на епско потфрлање и тотален хаос во јавниот градски сообраќај.
Пред само 3 години ветуваа модерно Скопје, нови 250 автобуси, дури и бесплатен превоз.

Ниту едно од ветувањата на ДПМНЕ не е остварено.

Оваа ситуација секојдневно ги погодува граѓаните на Скопје, кои се соочуваат со проблеми поради нередовност, доцнење на редовните автобуси. Страдаат поради надостигот на нови автобуси и поради целосно нефункционалниот и застарен концепт на јавен сообраќај во Скопје.

Одговорноста лежи кај советниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои се против проектот БРТ, и намерно не гласаат за набавката на нови автобуси, кои ги ветуваа, како и кај Владата на Мицкоски која не презема никакви мерки.

Наместо да се грижат за потребите на скопјани, тие се фокусираат на своите неуспешни бизнис интереси и сојузништва, оставајќи ги граѓаните сами да се справуваат со хаосот.

ВМРО-ДПМНЕ и нивната неспособност се најголемите виновници за катастрофата во јавниот превоз во Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Ѓорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија – Посилни партнерства за нови можности за Скопје

ДЕСК

„ПАЈАКОТ“ СО ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ВО СКОПЈЕ – За една недела отстранети 143 непрописно паркирани возила во Центар

ДЕСК

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА ПРОЕКТИ СО ПОДДРШКА ДО 1,53 МИЛИОНИ ДЕНАРИ – Во Берово денеска се одржува информативна средба

ДЕСК