8. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
venkofilipce
.МАКЕДОНИЈА

Филипче: За само 100 дена, Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја заглави државата

За само сто дена Владата ја заглави државата, а таа додје на Власт со една лажна кампања, тие ветуваа дека ќе поништеле меѓународни важни договори, а сега ги почитуваат, ветуваа дека ќе зголемуваат плати, а престанаа со зголемување на платите,порача вечерва во ТВ гостување во Сител лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче смета дека Владата не само што не успеала да ги покачи доволно платите, туку и дека просечната плата паднала за прв пат по седум години раст.

„И покрај ветувањата дека ќе има зголемување на плати ние гледаме денеска еден пример во кој што на просветните работници платата им се зголемува само 5 %, а требаше да биде 12 проценти согласно нашиот план и согласно колективниот договор и тоа 5% покачување е под притисок на СДСМ и на јавноста, под притисок барање на просветните работници кои воопшто не се задоволни од тие 5%. Истиот тој синдикат и министерката за образование кога ние нудевме зголемување за 10% таа повикуваше на штрајк и бараше владата да ги зголеми платите за 18% што значи дека има двојни стандарди. Сметам дека министерката кон просветните работници се однесува со еден потсмев. Ист е ставот и на министерката за финансии. Вчера излегува и кажува не треба да се зголемат платите на здравствените работници односно на лекарите, дека доволно им биле зголемени во изминатиот период. Прво благодарност што ја потврдува нашата добра политика и зголемувањето на платите на здравствените работи само тоа е сигнал дека или ќе размислуваат сега да одат да работат во приватни болници или да заминат од државата. Мора континуирано владата да го задржи тој тренд на зголемување на платите на сите работници на раст на просечната плата која сега за прв пат после седум години е намалена за 1000 денари“ вели лидерот на СДСМ.

Во однос на мерките, Филипче направи споредба за време на владеењето на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ние сме воделе грижа да не падне стандардот на граѓанинот во најголемите кризи поради тоа што освен растот на платите, во време на такви кризи и во време на таква инфлација се дадоа огромен број на мерки за поддршка и кон компаниите за да се одржи бизнисот и за да се задржат работните места. Неколку милијарди евра се дадоа кон компаниите во кризите и кон работниците директно и тоа системски се правеше со цел да се зголеми стандардот на граѓаните. Сега имаме пад на просечната плата за прв по седум години и тоа не е врзано со инфлацијата врзано е со тоа што не води сметка владата да го зголемува стандардот на граѓаните. Во пресрет на есента и зимата за кога очекуваме дополнителни ценовни шокови кога мерките на владата за замрзнување на цените очигледно не даваат никаков ефект“ порача Филипче