Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Средба Лимани – Чеку од Форумот за млади, Берлин: Со заеднички напори заложбите за подобро утре за младите да ги преточиме во дела

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани за време на работната посета на Берлин поради учество на Форумот за млади, во рамки на Берлинскиот процес, ја искористи приликата за директни средби со министрите од земјите на Западен Балкан.

На средбата со министерот за култура, млади и спорт на Косово, Хајрула Чеку се разговараше за многу заеднички области кои се во состав на двете министерства.
Соговорниците разговараа за значењето на влезот на Западен Балкан во Европската Унија со акцент на тоа дека еднаквоста на сите држави треба да биде принцип кој ќе се почитува, без условувања.

Министрите зборуваа и за продлабочување на соработката во областа на младите, размена на позитивни искуства со акцент дека, заедничките заложби за подобро утре на младите треба да се преточат во дела, за да придобивките станат препознаени и видливи.

Можеби ќе ве интересира

Во акција на Царина, на зелениот пазар во Чаир запленети 135 кг тутун

ДЕСК

Министерот Клековски на маргините на Регионалниот комитет на СЗО: средби со министерот за здравство на Чешка, УНФПА и кандидати за генерален директор на СЗО

ДЕСК

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НА АВТОПАТОТ – Уапсен државјанин на Египет осомничен за кражба во Охрид

ДЕСК