Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мајката на Вања и роднини на велешанецот Панче сведоци на денешното рочиште

Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања Ѓорчевска и роднините на велешанец Панче Жежовски денеска ќе сведочат на рочиштето за двете убиства.

Откако беше објавено дека Боре Видевски, еден од обвинетите за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски е вратен во Истражниот затвор Скопје продолжува судењето, а пред судот ќе се појават сведоците предложени од Обвинителството.

Првите сведоци се мајката на убиеното девојче и роднини на убиениот Жежовски.

Судењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември. Им се суди на првообвинетиот Љупчо Палевски, како и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа најдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ НА СОСТАНОК СО ГЕРМАНСКИОТ КАНЦЕЛАР МЕРЦ – Македонија ја потврди поддршката за праведен и траен мир во Украина

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – УХМР предупредува на обилни дождови во текот на ноќта

ДЕСК

ТЕПАЧКА МЕЃУ ЧЕТВОРИЦА ВО КРУШЕВСКО СЕЛО – Нарушен јавниот ред и мир, следуваат поднесоци

ДЕСК