Centar.mk
СВЕТ

СЗО одобри вакцина против мајмунски сипаници за тинејџери

Светската здравствена организација објави дека ја одобрила вакцината против мајмунски сипаници на компанијата „Бавариан Нордик“ за адолесценти на возраст од 12 до 17 години – возрасна група која се смета за особено ранлива на болеста, што предизвика голема глобална загриженост.

Во август, Светската здравствена организација ги прогласи мајмунските сипаници за глобален јавно здравствен проблем по втор пат во две години, откако нов тип на вирус се прошири од Демократска Република Конго во соседните земји.

Во септември, агенцијата на Обединетите нации ја одобри употребата на оваа вакцина за возрасни, олеснувајќи го пристапот до вакцината во тешко погодените африкански земји.

Децата, адолесцентите и луѓето со ослабен имунолошки систем се особено подложни на мајмунски сипаници, вирусна инфекција која обично предизвикува симптоми слични на грип и кожни лезии исполнети со гној.

Мајмунската сипаница е таканаречена вируснаболест која може да се пренесе од заразено животно на човек, а симптомите се слични на оние кои се заразени со сипаници.

Последната одлука на СЗО дојде откако Европската унија го одобри овој лек како вакцина за адолесценти во септември./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

РАКЕТЕН НАПАД ВО СРЦЕТО НА РИЈАД – Оштетена висококатница во финансискиот центар на Саудиска Арабија

ДЕСК

ИСТОРИСКА СРЕДБА НА ТРИТЕ СВЕТСКИ СИЛИ – Трамп, Путин и Си разговараа за нуклеарното оружје и глобалната безбедност

ДЕСК

ОБВИНЕНИЕ ЗА ТАЈНА ОПЕРАЦИЈА ВО СИЛИЦИУМСКАТА ДОЛИНА – Руски државјанин осомничен дека следел вработени во американска одбранбена компанија

ДЕСК