Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДУИ глуми жртва пред граѓаните, како власт поддржаа укинување на балансерот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Од кога граѓаните ги казнија на последните избори и ги испратија во опозиција по 20 години, “зелената” партија ДУИ, секојдневно глуми жртва пред граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Иако и тие самите пред само една година, на седница на тогашната Влада предводена од СДС-ДУИ коалицијата, донеле одлука за укинување на алатката “балансер”, изминатава недела сведочиме на низа прес-конференции каде што велат дека укинувањето не смее да се случи.

Да не заборавиме, Владата на ДУИ и СДС во 2023 година донесе Стратегија за реформи на јавната администрација за период 2023-2030, со која се предвидува укинување на балансерот. Притоа, препораката на Европската Комисија јасно вели дека алатката е истрошена и треба да се укине.

ДУИ најавува протести и дестабилизација на државата, а беа дел од власта повеќе од 20 години и не направија ништо, освен играње фудбал по канцеларии, калливи патишта во Арачиново и купување на молови.

ДУИ се прочитани од граѓаните и изјавите на нивните политичари не проаѓаат во албанскиот блок.

Да потсетиме, ВМРО-ДПМНЕ се согласува со Европската Комисија дека балансерот е злоупотребен, сметаме дека рамноправната застапеносост треба и ќе се реши со закон“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Заменик-претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, оствари работна средба со Даниел Џ. Лоутон во Стејт департментот на САД

ДЕСК

Локалните средини се место од каде треба да започнат сите промени

ДЕСК

Средба на претседателот Гаши со шеикот д-р Махир Муајкали

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.