Centar.mk
РЕГИОН

Земјотрес ја стресе Србија

Земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран кај Врање. Земјотресот во регионот на Врање, односно на 10 километри североисточно, е регистриран во 4:48 ч.

Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на пет до шест степени од Меркалиевата скала, објавено е на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод врз основа на автоматски лоцирани сеизмолошки настани.

Како што се наведува, земјотресите со таков интензитет можат да предизвикаат помали оштетувања на објектите во епицентралното подрачје.

Можеби ќе ве интересира

Пукање во кафуле во Хрватска: го убил шефот на крим полицијата, па се застрелал себеси

C +

Вучиќ: Претстојната посета на Кина ќе биде најважната во мојата политичка кариера

C +

„Тепачка“ за лежалки во Грција заврши на суд, турист доби речиси 1.000 евра отштета

C +