Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Илиевски: ДПМНЕ во Битола гласаше за поскап такси превоз, без анализа

Одговор на новинарско прашање, Менде Илиевски, советник во Советот на Општина Битола

Одговор: Здружението на такси превозници, достави до Советот на општина Битола, барање за покачување на цените на такси превозот. Ние како советничка група побаравме соодветна анализа од стручните кадри во општината за тоа да се види колку е реална потребата за ова покачување и истата не ја добивме и ние како советничка група не ја изгласавме таа иницијатива. За споредба, ВМРО-ДПМНЕ без размислување ја изгласа иницијативата за покачување на тарифите за такси превозот, кога за прв пат после 7 години, Заводот за статистика извади податок дека платите почнуваат да стагнираат, тоа значи дека платите не се покачуваат и стагнираат, после само 100 дена влада на ВМРО-ДПМНЕ, а животните трошоци континуирано се покачуваат.

Можеби ќе ве интересира

Јавен повик за Итно копче, брза и иновативна помош за повозрасните жители на Центар

C +

ИЗМИНАТАТА СЕДМИЦА САНКЦИОНИРАНИ 117 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

C +

Герасимовски: Го чуваме редот и јавниот простор во Центар, 86 казни за непрописно паркирање за три дена

C +