12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска на народниот собир во прилепско с.Селце, порача дека Владата на ВМРО ДПМНЕ симболично ги зголеми платите на наставниците, што е далеку од потребното зголемување и тоа не е достоинствено решение.

„Владата требаше законски да ги качи платите за 12%, но што направи? Обезбеди само 5% и тоа под притисок на јавноста и на нашата партија. Ова не е достоинствено решение. Ова е обид да се смири револтот со симболично зголемување кое е далеку од потребното за нашите наставници“, изјави Филипче.

Во обраќањето, Филипче посочи дека Владата на СДСМ континуирано се грижеше и законски ги зголемуваше платите на наставниците.

„Кога СДСМ беше на власт, ние се грижевме, им дававме поддршка и ги покачувавме платите постојано и најважно тоа го правевме по закон и договор. Оваа Влада не ги почитува тие што ја градат иднината на нашите деца“, посочи Филипче, и додаде дека никогаш досега Македонија не била толку изневерена од својата власт, никогаш досега не немало толку празни ветувања и лаги, како сега од ВМРО-ДПМНЕ и нивната измама на последните избори.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ станаа заложници на своите лажни ветувања, а со тоа ја држат во заложништво и Македонија“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа, реализираше бројни проекти и покрај тоа што три години се соочуваше со опструкции

ДЕСК

Филипче повика на мобилизација: Ова не се обични избори, ова е морална битка за Македонија

ДЕСК

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нуди програма и проекти, додека СДС-ДУИ-Левица излегуваат со најцрната и најмизерната кампања што некогаш Македонија ја видела

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.