Centar.mk
СВЕТ

(Видео) Човек кој пловел во Мексиканскиот залив држејќи се за ладилник е спасен

Американската крајбрежна стража спасила маж кој се држел за ладилник додека пловел на околу 50 километри од брегот. Спасувачите се симнаа од хеликоптерот и допливаа до човекот кој клечеше на врвот на ладилникот во Мексиканскиот залив.

Мажот бил пренесен во општата болница во Тампа, каде му била укажана лекарска помош.

„Тој го преживеа она што е кошмарно сценарио дури и за најискусниот морнар“, изјави поручник Дејна Грејди од американската крајбрежна стража.

„За да се разбере сериозноста на условите за ураганот, важно е да се каже дека проценуваме дека доживеал ветрови од 120 до 145 километри на час“, изјави таа.

Човекот го поправал својот брод во 3 часот наутро во средата, но се соочил со силни ветрови на враќање кон пристаништето. Условите брзо се влошија како што се приближуваше ураганот. Крајбрежната стража му нареди на човекот да облече спасувачки појас, но подоцна комуникацијата била изгубена./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Санчез: Шпанија нема да ракоплеска на оние што го запалија светот, само затоа што се појавиле со кофа вода

C +

И покрај примирјето, танкерите сè уште чекаат пред Ормускиот теснец

C +

ОАЕ: Излегуваме како победници од војната

C +