11. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Гаши: На овој ден се потсетуваме и ја славиме херојската и беспоштедната борба на борците за слободa на нашата држава

Честитка од Гаши, Претседател на Собранието

Во име на пратениците и во мое лично име ви го честитам 11 Октомври – денот на народното востание.

На овој ден се потсетуваме и ја славиме херојската и беспоштедната борба на борците за слободa на нашата држава. Без оглед на влогот, пречките и потешкотиите на кои наидуваа во нивната борба, тие опстоија и се изборија за слободата во која живееме денес.

Денес, Република Северна Македонија, повторно е на вистинскиот пат. Таа е дел од НАТО и рамо до рамо со најмоќните сојузници.

На нас како нова генерација политичари е да ја продолжиме праведната борба – денес се бориме за подобри стандарди, за просперитет, за европска иднина на Република Северна Македонија. Во денешната борба може да успееме само ако сме сплотени, здружени и единствени.

Честитајќи ви го 11 Октомври, повторно повикувам на обединување на сите граѓани Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци и сите други, да се обединиме и да ја добиеме битката за подобро утре за сите нас.