Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР со нови детали за трагедијата во Слатино: Првичните сознанија од наредената обдукција упатуваат на труење како веројатна причина за смрт на лицата

Министерството за внатрешни работи заедно со Основното јавно обвинителство Тетово преземаат мерки и активности за расчистување на настанот во тетовското село Слатино каде вчера беа пронајдени починати мајка и дете. Првичните сознанија од наредената обдукција упатуваат на труење како веројатна причина за смрт на лицата, па од починатите се земени примероци за дополнителни токсиколошки анализи со цел да се утврди причината за труењето.

Кај починатите не се пронајдени други траги на насилство. Исто така, по наредба на јавен обвинител ќе бидат земени примероци од крв и урина и од останатите членови на семејството – татко и уште едно дете, со цел да се провери евентуално присуство на токсини и кај нив. Се преземаат и други мерки за целосно расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Платил 2.000 евра за да му биде издадена возачка на сопругата, но никогаш не ја добил – кривична пријава за измама

ДЕСК

Ужас на паркинг во трговски центар: Неколкумина нападнаа 18-годишно момче

ДЕСК

Премиерот Христијан Мицкоски најави прес конференција за во 13 часот и 30 минути

ДЕСК