22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

По трагедијата во „Рибникар“: момчето убиец првпат во суд и по подолго време пред родителите, местото преполно со полиција

Момчето убиец од Основното училиште „Владислав Рибникар“ утрово е донесено од болницата, каде што е сместено во зградата на Специјалниот суд, каде што денеска треба да биде сослушано во кривичната постапка против неговите родители.

Момчето убиец со возило на брзата помош било донесено на задниот влез на Специјалниот суд. Возилото било придружувано од два полициски џипа со ротации, пренесуваат тамошните медиуми.

Според написите, пред Специјалниот суд има вооружени полицајци со пушки, кои ги обезбедуваат и судот и судењето. Има и неколку полициски возила.

Српските медиуми потсетуваат дека момчето убиец, кое го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ на 3 мај минатата година, првпат ќе се сретне лице в лице со семејствата на неговите жртви, како и со неговите родители, откога уби невини деца и училиштен чувар, а од поведувањето на обвинението му беше забрането да комуницира./Извор:Makfax