Centar.mk
фото Комунална хигиена Скопје
ЛОКАЛНО

Опожарен еден контејнер во скопската населба Ѓорче Петров

Во текот на изминатиот викенд, непознати сторители опожариле еден контејнер наменет за одлагање комунален отпад лоциран на главната улица во скопската општина Ѓорче Петров. Опожарениот контејнер беше со зафатнина од 3,2 м3 и е целосно уништен и неупотреблив.

Од почетокот на годинава беа опожарени вкупно 19 пластични контејнери поставени на јавни површини. Со цел да не се наруши динамиката на одлагање, собирање и транспорт на комуналниот отпад, ЈП Комунална хигиена-Скопје во најкус можен рок сите опожарени садови ги замени со нови.

ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира да престане уништувањето на садовите за одлагање отпад, за екипите на Претпријатието да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски на терен, согласно Оперативната програма за работа.

фото Комунална хигиена Скопје

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

Водата во Ресен не се препорачува за пиење

ДЕСК

Голема Река во Ресен го достигнува врвот, неколку улици се под вода, а метеоролозите најавуваат пороен дожд и следните денови

ДЕСК