Centar.mk
РЕГИОН

Во Јабланица прогласена тридневна жалост: Загинаа 15 лица, се трага по уште исчезнати

Градоначалникот на општина Јабланица Дамир Шабановиќ деновите од недела до вторник ги прогласи за Денови на жалост во врска со трагичната смрт на сограѓанин во природна катастрофа што го зафати подрачјето на Јабланица, пренесува Ал Џезира Балканс.

Деновите на жалост се одбележуваат со спуштање на знамињата на половина копје на зградите на општината и јавните установи основани од општина Јабланица.

Културни, забавни и слични програми нема да се одржуваат на јавни места, а физичките и правните лица кои вршат угостителска дејност, како и локалните медиуми ќе го приспособат своето работење.

Досега на подрачјето на Јабланица и Коњица се пронајдени телата на 15 лица, а по 10 до 15 исчезнати лица се уште се трага./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин

ДЕСК

Црна Гора ќе затвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување кон ЕУ следната недела

ДЕСК

Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови

C +