22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

ЦУК: 2.142 повици на 112 во последното деноноќие, нема пожари на отворено, пожарникарите имаат технички интервенции за извлекување животозагрозени луѓе, во Тетово има намалено количество вода во водоводот, а во Гостивар водата од водоводот не е за пиење

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 142 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 61,34%, а 38,66% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 70,85%, кон Итната медицинска помош 22,46%, кон пожарникарите 2,14%, а кон АМСМ 4,28% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 844 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

ЦУК информира дека во последното деноноќие немало регистрирано пожари на отворено на територијата на државата, но покрај интервенциите за гаснење пожари во населени места, пожарникарите имале две технички интервенции за извлекување лица во животозагрозувачки ситуации и испумпување вода од поплавени простории. Конкретно, Регионалниот ЦУК Велес, ја пренесува информацијата од ТППЕ Велес, дека вчера, од 09.30 до 10.15 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило имале техничка интервенција за извлекување на жена во срушена куќа. Жената се стекнала со мали повреди и истата со возило на итна медицинска помош е пренесена во болница во Велес. РЦУК Куманово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Куманово дека вчера, во период од 12.08 до 12.30 часот, со 4 пожарникари и 1 ПП возило, имале техничка интервенција за извлекување на лице од возило при сообраќајна незгода во близина на старечки дома „Зафир Сајто“. Инаку, лицето имало тешки телесни повреди.
РЦУК Тетово, известува дека околу 04.30 часот возило излетало возило во река во село Беловиште, Општина Гостивар. Се интервенирало со едно возило и четири пожарникари. Сите се извлечени само еден сопатник е телесно повреден што бил пренесен во Гостиварскиот клинички центар.
Регионалниот ЦУК – Тетово, информира дека пожарникарите од ТППЕ Тетово имале две технички интервенции за испумпување вода во тетовската населба „Деребој“: кај подвозникот за село Фалише и испумпување вода во поплавената куќа во истата населба.

ЈКП „Шар“ од Тетово информира до ЦУК дека поради загаденоста на водата во изворите на Лешница, системот на филтер станицата на Лешница засега е целосно затворен, градот Тетово се снабдува со намалено количество вода, а дека екипите на ЈКП “Шар” се на теренот за брзо решавање на проблемот. Истовремено известуваат дека ќе има ограничување на водата во градскиот водовод од 13.00 до 15.00 часот и во период од 01.00 до 04.00 часот.

Од ЈП „Комуналец“ од Гостивар е добиено известување во ЦУК дека поради контаминација предизвикана од обилните врнежи од дожд, најновите физичко-хемиски и микробиолошки анализи потврдуваат дека водата од јавната водоводна мрежа во моментов не е безбедна за пиење. До натамошно известување, од ЈП „Комуналец“ од Гостивар да не се пие водата од чешма, од водоводот.

Регионалниот ЦУК Скопје ја пренесува информацијата од ЈСП Скопје дека во недела (06.10.2024 година), во период од 07:00 до 14:00 часот, поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2024“, дел од возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај.