Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад

-Секоја вечер во нашите градови има нови инциденти, пукања, насилство и криминал. Вчеравечер во Чаир во пукотница е повредено 19 годишно момче со 4 прострелни рани. Ова сведочи за целосната неспособност на министерот за внатрешни работи, Тошковски, и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Улиците ни се претворија во Див Запад, велат од СДСМ.

„Имаше пукање во Чаир, во Арачиново, се случи убиство кај Мавровка, а пред тоа пукања имаше и во Синѓелиќ, Батинци, Тетово, и на Пластичарска улица. За сите овие инциденти сторителите не се пронајдени, а од 10 убиства и обиди за убиства, Тошковски успеа да расчисти едвај еден случај.

Граѓаните стравуваат за својата безбедност, а Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ се целосно неспособни да ги заштитат.

За само 100 дена ова е еклатантен пример за неспособна власт каде криминалците прават што сакаат.

Дали Мицкоски ќе покаже храброст и ќе го повика Тошковски на одговорност, или повторно ќе застане во негова одбрана?“ – се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Уплашена власт – со ситни игранки не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието

ДЕСК

Делегација на Врховниот уставен суд на Египет во билатерална посета на Уставниот суд

ДЕСК

Започна дводневната работилница за изработка на Националната стратегија за интеркултурализам и општествена кохезија 2027–2032

ДЕСК