4. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Влада на РМ
.МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8

Да се заблагодарам најпрвин на новинарите за интересот за овој настан. Да честитам на Министерството за транспорт, на Царинската управа, се разбира кредитот којшто е добиен од страна на Светска банка, добро е тоа што македонските граѓани коишто ќе го враќаат овој кредит од Светската банка ќе имаат модерен граничен премин којшто е дел од Коридорот 8 и тоа е една силна политичка порака затоа што изминатиов период бевме обвинувани дека Коридорот 8 не бил толку приоритетен, друг коридор Коридорот 10 бил приоритетен, но со самото ова и она што ќе започне од понеделник, тоа е реконструкција на ГП Клепало.

Покажуваме јасна определба дека секоја точка на Македонија нас ни е важна, и дека нема да оставиме ниту една точка којашто нема да биде реконструирана и реновирана. Мораме да напоменеме дека македонските граѓани коишто ќе го отплаќаат овој кредит ќе добијат модерен граничен премин исто така ќе добијат модерни гранични премини каде што ќе имаме поефикасна работа на Царинската управа.

Кога сме кај ефикасната работа на Царинската управа можам, да кажам дека пред 2 во суштина беше тоа, е спречена нелегална трговија на 36 килограми опојна дрога, марихуана, а во текот на вчерашниот ден имаше нелегална трговија на лекарства исто така во огромна количина и ќе продолжиме во периодот којшто следи. Криминалците нема да бидат повеќе безбедни. Со заминување на власта на претходната Влада на СДСМ и ДУИ пораката којашто сакаме да ја упатиме е дека секој оној што ги почитува законите и Уставот ја има и нашата почит, но секој оној криминалец без разлика дали е тоа политички или поинаков ќе биде фатен, спроведен и однесен да одговара за тоа што го прави.

Така што мора да има правна држава насекаде, на целата територија на Република Македонија, но важно е дека македонските граѓани коишто ќе ги плаќаат овие кредити коишто ги зима македонската Влада ќе добијат европски услови кога ќе ги поминуваат граничните премини и ќе нема повеќе гужва и турканици како што тоа беше во минатото.

Уште еднашка благодарам на Министерството за транспорт, Царинската управа, да се заблагодарам на пратениците од македонското Собрание коишто се денеска тука со нас, на претставникот на Светска банка коишто е заемодавач на овој кредит коишто ќе го плаќаат македонските граѓани и се надевам дека ќе има многу вакви проекти во иднина.

фото Влада на РМ