Centar.mk
фотографија: Центар.мк
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Синоптичарите со вонредни најави за времето, дождот почна – Метеоцентар со детална прогноза

Под влијание на циклонска активност денес и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни денес во западните (над 30 л/м2), а утре во источните делови. Локално ќе бидат во форма на невреме, проследени со грмежи и засилен ветер кој ќе дува повремено и со брзина од над 70 км/час.

Потоа времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.

Прогноза за 06.10.2024
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 17°C до 24°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд претежно во северните делови, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Прогноза за 07.10.2024
Минимална температура: 5°C до 15°C
Максимална температура: 18°C до 25°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 08.10.2024
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 20°C до 26°C

Сончево со мала до умерена локална облачност која попладне ќе се зголемува . Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +