Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пожарникари евакуираа комбе полно со 11 патници – Поплавени повеќе улици, дворови, подруми и куќи во Тетово

Поројните дождови кои беа уредно најавени неколку дена претходно од УХМР, повторно направија хаос во Тетово.

Па така поплавени се повеќе улици, а граѓани барале помош и интервенција од институциите поради поплавени подруми, дворови и куќи, особено во регионот на Мала и Голема Речица во Тетово.

Медиумите известуваат дека пожарникарите успешно евакуирале 11 патници од комбе кое останало заглавено под мост поради поплавените улици.

Граѓаните во Тетово со право се во паника по хаотичната ситуација која се случи во Босна денеска.

Од УХМР најавуваат дека во Македонија поради циклонска активност денес и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Врнежите ќе бидат пообилни денес во западните (над 30 л/м2), а утре во источните делови од земјава. На места ќе се случи невреме, проследено со грмежи и засилен ветер кој ќе дува повремено и би можел да достигне брзина од над 70 км/час.

Можеби ќе ве интересира

Инцидент како на филм во Македонија: Го пресретнале додека возел и му го блокирале патот, па потоа вооружени лица излеглe и му го демолиралe возилото

ДЕСК

46 годишна жена нападната од 38 годишна скопјанка – причината банална: недоразбирање во сообраќајот

ДЕСК

Тежок инцидент пред угостителски објект во Скопје: Рането 16 годишно дете

ДЕСК