22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Американска бомба од Втората светска војна експлодира на аеродром во Јапонија, откажани повеќе од 80 лета

Американска бомба од Втората светска војна експлодира на јапонски аеродром, кој беше затрупан под такси-патеката.

Експлозијата остави голем кратер и откажа повеќе од 80 лета, но нема повредени, соопштија јапонските власти.

Во моментот на експлозијата на аеродромот „Мијазаки“ во југозападна Јапонија немало авиони во близина, соопштија властите, додавајќи дека е во тек истрага зошто експлодирала бомбата тешка 225 килограми.

Видеото снимено од блиското воздухопловно училиште покажува како експлозијата фрла парчиња асфалт во воздух.

Видеоснимката емитувана на јапонската телевизија покажа кратер на сообраќајницата, наводно со дијаметар од приближно 7 метри и длабочина од 1 метар.

Аеродромот „Мијазаки“ бил изграден 1943 година како полигон за обука на поранешната Империјална јапонска морнарица, од која некои од пилотите „камикаѕе“ полетале во самоубиствени мисии.

Голем број неексплодирани бомби фрлени од американската војска за време на Втората светска војна се откопани во областа, соопштија претставници на Министерството за одбрана.

Стотици тони неексплодирани бомби сè уште се закопани низ Јапонија./Извор:Makfax