Centar.mk
РЕГИОН

Во Хрватска има закана од поројни поплави, најпогодена Истра

Во некои делови на Хрватска се очекува да бидат најавени мерки за одбрана од поплави поради порастот на водостојот во пониските делови на речните сливови по обилните врнежи од дожд, а можни се и поројни поплави и одрони, особено на планинските патишта и на јадранската магистрала, пишуваат хрватските медиуми.

Поради силниот дожд што го донесе циклонот, кој синоќа преку Јадранот пристигна во Хрватска, постои закана од поројни поплави, а први на удар се Истра и Кварнер, јави ХРТ.

Најмногу дожд наврна во поширокото подрачје на Риека, меѓу 100 и 200 милиметри на квадратен метар, пренесува „Истрамет“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ со порака од Пекинг: Можно е наскоро да поднесам оставка

C +

23 лица се приведени доцна синоќа поради напад врз полицајци во Белград

C +

Драматични сцени по протестот во Белград: Апсења, судири и полициска реакција во центарот

ДЕСК