Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасов: Мицкоски ја засили антиевропската реторика, може да објави и дека не треба да бегаме од БРИКС

„Мицкоски сега на меѓународен план се вози сѐ уште на приказната дека нема влада во Бугарија за обнова на преговорите, ниту волја во ЕУ за репреговарање што тој го вети ама тој веќе ги замени членовите на Историските комисии со Бугарија и Грција со ‘потврди преговарачи’ од наша страна“ вели професорот и поранешен амбасадор Ѓорѓи Спасов во интервју за „Рацин.мк“.

Тој додава дека Мицкоски исто така зеде и голем кредит од, пријателот, Виктор Орбан од Унгарија и ги јакне врските со него.

„Ја засили антиевропската реторика дома, објави дека членството на Македонија во ЕУ не зависи само од нас, што значи дека другите се виновни, и наскоро може да се очекува да објави дека членството во ЕУ е посакувана иднина за нас, ама не треба да бегаме и од БРИКС и јакнење на односите со Србија, Унгарија, Кина и Русија“ вели Спасов.

Поранешниот амбасадор истакнува дека е тажно ако Унгарија ни останала, според зборовите на Мицкоски, едиснтвениот пријател меѓу членките на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ПРЕД СУД – Се бара усогласување на 140-те денари со инфлацијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

ДЕСК

ВЛАЖНИ ПАТИШТА И ОПАСНОСТ ОД ОДРОНИ – АМСМ со предупредување за возачите

ДЕСК