Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Филипче: Денеска загубивме тројца наши драги колеги, врвни професионалци и пред сè големи луѓе

Претседателот на СДСМ Венко Филипче: Денеска загубивме тројца наши драги колеги, врвни професионалци и пред сè големи луѓе.

Денеска загубивме тројца наши драги колеги, врвни професионалци и пред сè големи луѓе. Со неизмерна тага ја примив веста за трагичната сообраќајна несреќа во Прилеп, во која животите ги загубија примариус д-р Александар Ристески, радиолог, д-р Никола Василевски, гинеколог, и рендген техничарката Фанче Јовановска, сите дел од приватната болница Плодност од Битола.

Загубивме луѓе кои посветија живот за доброто на другите и кои оставија неизбришливи траги во здравството.

На семејствата, блиските и колегите на загинатите им изразувам најискрено сочувство. Нека им е вечна слава.“ – напиша Филипче на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода возач на автобус во тетовско и патник во автобусот, пронајдени непријавени 34.965 евра

ДЕСК

ДОАЃА ЖЕШКО ВРЕМЕ, ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ СКОКНАТ НА 33°C: Најави и за невреме во деталната четиридневна прогноза

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК