Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Средби на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски со амбасадорот на Република Албанија, Н.Е. Денион Мејдани и амбасадорот на Швајцарската конфедерација Н.Е. Вероник Хулман

Денеска (02.10.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работи средба со амбасадорот на Република Албанија, Н.Е. Денион Мејдани.
На средбата беше потенцирана досегашната соработка на двете држави и министерствата за внатрешни работи, при што заеднички беше констатирано дека таа се одвива на исклучително високо ниво, верификувана преку бројните билатерални договори од областа на безбедноста. Посебен акцент на средбата беше ставено на целосното профункционирање на заедничката контрола на граничниот премин Ќафасан.

На средбата со амбасадорот на Швајцарската конфедерација Н.Е. Вероник Хулман се зборуваше за добрата соработка, со надеж дека истата ќе се продлабочи и продолжи во иднина, особено соработката со ДКАФ која е од посебна важност. Министерот Тошковски ја истакна поддршката од меѓународните пријатели како секогаш e добредојдена и особено важна во справувањето со секојдневните предизвици.

Можеби ќе ве интересира

Цела недела променливо облачно време, за викендот невреме

C +

Уапсени 34 возачи, изминатите два дена 1.026 сообраќајни прекршоци

C +

Македонија шеста најсиромашна земја во Европа – Мицкоски раскажува бајки, вели СДСМ

ДЕСК