Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

„СДС и натаму тоне. Последните анкети говорат дека се пет пати послаби од ВМРО-ДПМНЕ. Оттука очигледна е нервозата и следат навреди кон граѓаните што е за осуда“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС одговорот од граѓаните го доби на изборите во мај. Граѓаните рекоа јасно не за политиките на СДС. Граѓаните ја казнија СДС.

Од СДС пак како да не разбираат и наместо во јавност да настапуваат со визија, тие удрија по граѓаните.

За СДС под водство на Венко Филипче граѓаните се будали, а за претходниот претседател на државата, Стево Пендаровски беа стока.

Оттука СДС вината за тонењето да ја бараат во своите редови кои не знаеја ништо освен навреди и практикување на големо на корупција и криминал.

СДС треба едноставно да се извини за речникот кон граѓаните и да погледне кон себе. Навреди на адреса на граѓаните не смее да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Скопје под засилена контрола: Санкционирани 113 мотоциклисти, 45 без кацига

C +

Времето денес променливо облачно, со услови за слаб дожд

C +

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +