Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Филипче: Ни трага од мудрата дипломатија која требаше да не направи горди

„Нема ни трага од мудрата дипломатија која требаше да не направи повторно горди. ВМРО-ДПМНЕ ги разочара сите по ова прашање. И оние кои се надеваа дека Преспанскиот не е готова работа, но и оние кои се надеваа дека ВМРО-ДПМНЕ има план да ги продолжи евроинтеграциите на подобар начин од СДСМ“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција по повод 100 дена Влада.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена ја закопа европската иднина на државата и ја остави на дното на Балканот.

„Ниту понуди јасен пат како напред, ниту понуди алтернатива. Мицкоски одлучи еднострано да ги прекине преговорите со унијата како државата да е негова своина. Тој нема ниту мандат ниту право тоа да го прави“ рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Во Буџетот нема пари за зголемување на платите – нема развој, само долгови и камати

ДЕСК

Манасиевски: Филипче се скри на Бихаќка откако се откри вистината за Алта банка

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС бега од одговорност, кога со ДУИ и нивните бизнис-партнери ја отвораа вратата за Алта банка СДС и Филипче молчеа

ДЕСК