Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека Македонија ќе биде повторно ваша, но добивме Македонија која е повторно нивна

„ВМРО-ДПМНЕ ветуваше Македонија која ќе биде повторно ваша, но добивме Македонија која е повторно само нивна. Македонија која е партизирана, без одогворност, небезбедна, криминализирана и безсперспективна“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција по повод 100 дена влада.

Тој додаде дека имаме 100 дена изговори наместо решенија, изолација наместо интегрирање и општество во кое доминира неизвесноста.

„Паралелата меѓу ветувањата и реалноста е сурова. Македонија водена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде се само не горда“ рече Филипче.

Тој додаде дека за 100 дена СДСМ објави неброени докази и скандали за корумпираноста на кадрите во Владата.

„Подароците вредни 320.000 евра за генралниот секретар, картели за јавни набавки на министерката за енергетика, луксузирања на државна сметка со бизнис карти за министрите кои се кријат од јавноста. Денес и јавно го прашувам Мицкоски, што се случи со наводниот поткуп кој му го понудиле нему и на Николоски? Има ли некаква истрага премиере и во која институција? Ниту има истрага, ниту има докази, ниту ќе има“ рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК