Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: Ни трага од мудрата дипломатија која требаше да не направи горди

„Нема ни трага од мудрата дипломатија која требаше да не направи повторно горди. ВМРО-ДПМНЕ ги разочара сите по ова прашање. И оние кои се надеваа дека Преспанскиот не е готова работа, но и оние кои се надеваа дека ВМРО-ДПМНЕ има план да ги продолжи евроинтеграциите на подобар начин од СДСМ“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција по повод 100 дена Влада.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена ја закопа европската иднина на државата и ја остави на дното на Балканот.

„Ниту понуди јасен пат како напред, ниту понуди алтернатива. Мицкоски одлучи еднострано да ги прекине преговорите со унијата како државата да е негова своина. Тој нема ниту мандат ниту право тоа да го прави“ рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК