Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Филипче: Безбедноста на граѓаните загрозена во 100 дена власт на Мицкоски

Насилничкото однесување на припадници на полицијата, ја покажа погубната страна на партизацијата на безбедносните служби во првите 100 дена од владеењето на Мицкоски и коалицијата. Ова е став на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска на прес-конференција ги анализираше првите 100 дена од мандатот на Мицкоски и коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Телохранители на Мицкоски кои тепаат полицајци стануваат команданти, а лица со криминално минато се поставуваат за директори. Безбедносните служби целосно се криминализираат. За само 100 дена имаме партизација на виталните институции и загрозување на безбедноста на косовската граница. Партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ и Влен ја третираат државната граница како приватен премин. Никој не контролира што и кој влегува или излегува на Блаце“-рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Претседателот на СДСМ, Филипе потенцираше дека од почетокот на мандатот на министерот за внатрешни работи Панче Ташковски, досега личната безбедност на граѓаните е непозната категорија.

„За сто дена ВМРО-ДПМЕН улиците станаа небезбедни каде убиствата, разбојништвата и нападите се секојдневие. Десетици нерасчистени убиства има само откако Тошковски е министер за внатрешни работи. Во полицијата, наместо професионализација имаме партизација со насилници и криминалци“-истакна Венко Филипче, претседател на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК

Летале дрон без дозвола – полицијата интервенирала, тројца млади повеќе нема да го прават тоа во Карпош

ДЕСК

Додека шетал кангал го ослободил, потоа следувал хаос кој заврши со смрт на куче миник

ДЕСК