Centar.mk
фото ОБСЕ
МАКЕДОНИЈА

Новиот Регионален центар: Револуција во борбата против криумчарењето оружје

Во контекст на непрекинатите безбедносни предизвици во Југоисточна Европа, постигнат е дострел во борбата против транснационалните закани и организираниот криминал. Денеска, Мисијата на ОБСЕ во Скопје го отвори новиот најмодерен Регионален К9-центар за обука и сертификација во Ѓорче Петров, клучен чекор во борбата против недозволената трговија со огнено оружје во регионот.

Центарот ќе биде средиште за континуирана обука и регионална соработка. Тој е повеќе од надградба – тој вклучува изградба на нови простории за К9 и подобрување на работните услови во постојните простории. Подобрена е и мобилноста на К9-тимовите преку донацијата од 14 специјализирани возила и три приколки, со кои се овозможува побрзи, поефикасни полициски одговори ширум регионот.

Официјалното отворање на Центарот означува почеток на нова ера на оперативна ефикасност и соработка, со долготрајни ефекти врз регионалната безбедност, способностите на органите за спроведување на законот како и партнерствата.

За напорите за подобрување на капацитетите за детектирање МЛО

Подобрувањето на капацитетите за детектирање спаѓа во рамките на вонбуџетскиот проект на Мисијата „Поддршка на националните власти на Република Северна Македонија во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје (МЛО)“. Финансиран од Белгија, ЕУ, Франција, Германија, Норвешка, Словачка и САД, проектот придонесе за суштински напредок при подобрувањето на капацитетите за детектирање на Единицата за службени кучиња во земјата.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Нов фронт на СДСМ против корупцијата на власта!

ДЕСК

Филипче промовираше Антикорупциски тим на СДСМ: Нова сила против криминалните шеми на ВМРО-ДПМНЕ!

ДЕСК

СДСМ отвора ново поглавје: Државата ќе се брани од криминалот на ВМРО-ДПМНЕ

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.