Centar.mk
СВЕТ

Америка загрижена за одмаздата на Иран, подготвува одбрана со Израел

Администрацијата на Бајден е загрижена дека Иран планира одмазднички напад затоа што Израел го уби лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, па затоа работи со Израел на одбраната, изјави синоќа американски претставник за Си-ен-ен.

Администрацијата на Бајден водеше мултинационална одбрана на Израел во средината на април кога Иран лансира повеќе од 300 беспилотни летала и проектили кон Израел како одговор на неговиот напад врз високи офицери на Иранската револуционерна гарда во Сирија.

Американскиот функционер одби да каже каков напад се очекува од Иран, а не ги прецизира чекорите што ги презема американската војска.

Стравувањата од поширока регионална војна на Блискиот Исток се зголемија во последниве недели бидејќи Израел ги засили нападите врз Хезболах во Либан, а групата поддржана од Иран вети дека ќе ја продолжи својата борба дури и кога многу нејзини врвни команданти се убиени.

Насралах беше убиен во петокот во масовен израелски напад во јужен Бејрут. Тој со децении ја водеше најмоќната проиранска милитантна група на Блискиот Исток и неговата смрт е тежок удар за Хезболах, како и голем удар за контролата на Иран врз регионот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Масовен украински напад врз Русија: Москва тврди дека соборила 699 ​​беспилотни летала

ДЕСК

Украина: Русија од почетокот на инвазијата загубила над 1,6 милиони војници

ДЕСК

Тајното писмо на кралицата Елизабета Втора ќе биде отворено дури во 2085 година: неговата содржина останува мистерија

ДЕСК