Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда

-Денеска (29.09.2024), полициски службеници од СВР Охрид и од Одделот за крим полиција-Сектор за општ и насилен криминал при МВР, по претходно издадена судска наредба, извршија три претреси во Охрид и од слобода лишија едно лице од Охрид. Претресите се извршени поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик и кривично дело „изнуда“ по член 258 од КЗ, соопшти МВР.

Се преземаат и дополнителни мерки и активности во координација со јавен обвинител, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Петрушевски: Филипче и Заев нека кажат дали стоеле зад внесот на 110 милиони евра „испрани“ пари од Венецуела во Македонија

ДЕСК

Филипче: Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?

ДЕСК

Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки, што е тој премиер или дилер за продажба на Алта банка?

ДЕСК