Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Паника во автобус кај Велес: Патниците скршиле прозорци за да избегаат по појава на чад

Автобус на една македонска компанија, кој се враќал од Грција, предизвикал паника кај патниците кога се појавил чад во возилото, објавуваат македонските медиуми.

Настанот се случил во близина на Велес, при што исплашените патници биле приморани да скршат прозорци за да излезат на безбедно.

Како што дознава ТВ21, персоналот на автобусот ги повикал патниците да го напуштат возилото, но во тој момент вратите не биле отворени. Принудени од ситуацијата, патниците ги скршиле стаклата за да се евакуираат од автобусот.

Нема информации за евентуално повредени.

Можеби ќе ве интересира

Димитријевиќ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со 5 тони дрога

C +

Обвинителството континуирано презема дејствија поврзани со запленетата марихуана

C +

Утре ССМ ќе го блокира Собранието: Најмалку 250 евра за пратениците, а ни 25 за работниците е срамно

C +