Иранските власти денеска објавија дека „истакнатиот командант во Иранската револуционерна гарда (ИРГ), генерал Абас Нилфорушан (58) е убиен во израелски воздушен напад врз Бејрут“, во кој е убиен и лидерот на Хезболах, Хасан Насрала.
Иранската државна новинска агенција ИРНА наведува дека генералот Нилфорушан бил под санкции на САД.
САД го идентификуваа Нилфорушан како заменик командант за операции во ИРГ и го санкционираа во 2022 година со образложение дека тој раководи со организација „директно задолжена за сузбивање на граѓанските протести во Иран“.
Американските санкции против Нилфорушан беа воведени по повеќемесечните протести поради смртта на Махса Амини, кој беше уапсен поради наводно непочитување на правилата за носење шамија, хиџаб, а потоа почина во притвор на иранската полиција за морал.
Нилфорушан служеше и во Сирија поддржувајќи го претседателот Башар ал-Асад во повеќедецениската граѓанска војна и служеше во Иранско-ирачката војна во 1980-тите.