22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Верниците го слават Крстовден: Задолжителен строг пост, а еден обичај е многу важен и треба да се испочитува

На 27 септември верниците на МПЦ го слават големиот празник Воздвижение на Чесниот Крст, меѓу народот познат како Крстовден.

Денот се слави во чест на настанот кога светиот крст беше ископан на Голгота и вратен од Персија во Ерусалим.

Според верските обичаи, Крстовден се слави двапати годишно, на 18 јануари и на 27 септември.

На Крстовден се почитува строг пост, пост на вода. На овој ден се јаде грозје како симбол на слатката победа, плодност и изобилство, а се верува дека среќата и успехот ќе ве придружуваат доколку денес уживате во вкусот на ова овошје.

Вообичаено е да се осветува босилек на Крстовден, растение за кое се верува дека носи негативна енергија.

Кај народот постои обичај ако на Крстовден е облачно зимата ќе биде богата со снег, а ако е суво следната година ќе биде сушна. Исто така, ако ластовиците не заминат до Крстовден, нема да има силна зима.