Имало вкупно 1 792 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 57,26%, а 42,74% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон Полиција биле упатени 70,94%, кон Итната медицинска помош 22,26%, кон пожарникарите 3,40%, а кон АМСМ 0,38 од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 765 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите тие повици за итни случаи биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало регистрирано пет пожари на отворено на територијата на државата, при што гореле стрништа, депонии, ѓубришта, сува трева и нискостеблеста вегетација и шума.
Конкретно, Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека БППЗ на град Скопје, во периодот од 02.50 до 03.40 часот, гаселе запалена ниска вегетација и ѓубре на површина од 200 м2 на обиколница – клучка кај Оризари. Интервенцијата ја извршиле со 1 возило и 4 пожарникари. РЦУК Струмица, информира дека пожарникарите од ТППЕ Струмица од 18.50 до 19.30 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена депонија кај с. Просениково, во Општина Струмица. РЦУК Струмица, информира дека од ТППЕ Струмица од 23.30 до 24.00 часот со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација покрај ул „Ристо Ќурчиев“ во Општина Струмица. РЦУК Штип, информира дека пожарникарите од ТППЕ Виница во која се наведува дека во период од 11.50 до 12.50 часот, со 3 пожарникари и 2 ПП возило интервенирале на запалени ниска вегетација во Виница. РЦУК Велес, ја пренесува информацијата од ТППЕ Велес дека во изминатото деноноќие имале една помала интервенција.
Регионалниот ЦУК Тетово, ја пренесува информацијата од Општина Гостивар дека, врз основа на најновите микробиолошки анализи, известува дека водата од јавниот водовод моментално не е безбедна за пиење. Микробиолошките тестови откриле присуство на калиформни бактерии и ешерихија коли [E.coli], што преставува сериозен здравствен ризик. До граѓаните, Општина Гостивар, е пратено следното соопштение за овој период кога се интервенира за нормализирање на водоснабдувањето за:
1. Избегнување употреба на вода од јавната водоводна мрежа во Гостивар;
2. Користење флаширана вода за пиење и заготвење;
3. Да се следат инфомациите за состојбата на водата додека се работи за решавање на проблемот и обезбедување на безбедно водоснабдување.
ЈKП Комуналец Гостивар во врска со неисправната вода за пиење во Општина Гостивар, како што информираат од Општината, работи и интервенира на терен.
Регионалниот ЦУК Скопје информира дека денеска, во период од 08:00 до 18:00 часот во повеќе наврати ќе се извршува планирано минирање на терен на локалитет ка с. Горна Бањица, Општина Гостивар. Истовремено од РЦУК Скопје информираат дека од Град Скопје – Сектор за Комунални работи, се планира да се изврши авионската дезинсекција на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци. Конкретно ќе се реализира на од денеска 27.09. и 28.09.2024 година (петок и сабота) во раните утрински часови, а дезинсекцијата со прскање од земја на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се реализира од 30.09. до 03.10.2024 година (од понеделник до четврток) во период од 21.00 до 02.00 часот, наредниот ден, а прскањето по земја против ларви од комарци, ќе се реализира утре 27.09.2024 година (петок) во текот на денот. Ако временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни во истиот термин. Заради планираното прскање против комарци се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на нивните пчели.