Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Трагедија: Почина 47 годишен кумановчанец, откако паднал и удрил во земјена површина

На 26.09.2024 во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал М.Д.(47) од Куманово. Имено, на 22.09.2024 пред стадионот на ФК „Башкими“ на ул.„Братство Единство“ во Куманово, М.Д. паднал и со главата удрил во земјената површина, по што неговиот брат и полициски службеници го пренеле во болницата во Куманово за укажување помош.

Откако му била укажана помош, М.Д. бил приведен затоа што за него имало судска наредба за приведување, по што бил препратен во Комплексот клиники во Скопје. По наредба на јавен обвинител од ОЈО Куманово, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

Два нови пилоти завршија обука во Шпанија за гаснење пожари, се приклучуваат на ДЗС

C +

Мицкоски: Имаме стабилни резерви, дополнително го намаливме ДДВ за горивата од 18 на 10%

ДЕСК

„Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, се заштедуваат отприлика околу 200 илјади евра на ден“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

C +