Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Јаневска: без квалитетни наставници, не можеме да добиеме ништо и од најквалитетните наставни програми

Наставните програми може да ни ги направат и најголемите експерти, но ако нема кој да ги спроведе, ништо нема да добиеме. Нам наставниците ни се важни и сите промени ќе ги правиме преку заедничка соработка. Истакна министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска во емисијата Вин Вин на ТВ Телма.

„Ако нешто се обидете да им наметнете на наставниците, тоа не може да даде плод во образованието. Тие мора да имаат мотив и да се најде начин кој најмногу им одговара за да ги пренесуваат знаењата кон учениците“, рече Јаневска, додавајќи дека подолгиот престој во училиштето е од корист за сите во образовниот процес вклучително и за наставниот кадар и дека ќе даде добри резуџлтати.

Министерката најави дека ќе продолжат обуките на наставниците, но и дека од следната година тие ќе добијат поголемо процентуално покачување на платите. Овој месец пак, добија усогласување согласно општиот колективен договор.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +