8. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
РЕГИОН

На обвинетите за убиството на Данка Илиќ им е продолжен притворот: зад решетки остануваат уште 30 дена

Вишото јавно обвинителство во Заечар ги обвини Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ за убиство на двегодишното девојче Данка Илиќ и предложи да бидат осудени на доживотен затвор. Вишиот суд во Заечар им го продолжи притворот за нови 30 дена.

На осомничените за убиството на девојчето денеска им е одреден притвор.

Вишото јавно обвинителство во Заечар против нив поднесе обвинителен акт поради сомнение дека убиле девојче на 26 март во селото Бањско Поле. Во обвинението е вклучен и Радослав Драгијевиќ (70), таткото на обвинетиот Дејан, поради сомнение дека учествувал во преместувањето на посмртните останки на исчезнатото девојче.

Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ беа уапсени на 4 април и оттогаш се во притвор. По апсењето, тие наводно признале дека со службениот автомобил го удриле девојчето во Бањско Поле, но и дека Дејан, бидејќи Данка давала знаци за живот, го убил детето. Наводно, тогаш рекле и дека телото на девојчето го фрлиле во дива депонија, а два дена подоцна го префрлиле во дворот од семејната куќа во селото Злот.

Телото на девојчето, кое последен пат беше видено на 26 март, до денес не е пронајдено, иако се пребарани повеќе од 30 локации./Извор:Makfax