3. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Издадени осум прекршочни налози, Државниот пазарен инспекторат денеска ги контролира бурекчилниците, помалите маркети

Денес, се контролираат бурекчилниците, помалите маркети и други трговци на мало. Излезени се 47 тима на терен, односно 135 инспектори на ниво на цела Република Северна Македонија, информираат од Државниот пазарен инспекторат.

„Во согласност со одлуката на Владата за посебни услови за трговијата на одделни стоки („Службен весник“ на РСМ бр. 196/24) извршени се над 60 надзори на целата територија на Република Северна Македонија. Издадени се 8 прекршочни платни налози во висина од над 1.196.000 денари, а кај другите субјекти постапките се во тек“, нагласуваат во соопштението.

Напоменуваат дека толеранција нема да има и дека трговците имаат обврска да ја почитуваат одлуката./Извор:Makfax