3. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Филипче: Мицкоски сака државата да се врати назад и од лидер во евроинтеграциите, пак да биде на последно место

Соопштувајќи го фактот дека ЕУ веќе има донесено одлука да ги раздвои патиштата на Македонија и Албанија во процесот на интеграции, претседателот на СДСМ Венко Филипче, денес изјави дека тоа е дел од планот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кои сакаат државата да ја вратат назад.

Дополнителен доказ за тоа, според Филипче, се обидите на Владата, процесот на интеграција одново да го билатерилизира со Бугарија.

„Најголемата трагедија е што ВМРО-ДПМНЕ всушност сака повторна билатерализација на европскиите преговори и спорот со Бугарија. Треба на сите да им е јасно, спорот со Бугарија не беше веќе билатерален. Со тешки маки успеавме од билатерален спорот да го донесеме во рамки на преговорите. Ние веќе не преговараме со Бугарија туку со ЕУ, а ВМРО-ДПМНЕ сака пак да го билатерализира. Значи целта е да се врати се наназад односно да се отоври повторно билатерален проблем. Како планира Мицкоски со реторика на карање и конфликти да обезбеди подобри услови со Бугарија во билатерална комуникација? Свесен ли е дека ќе добие само полош Договор? Свесен е, но тоа е очигледно и целта. Ова прашање да биде повторно и повторно главна тема во медиумите, а расправиите со соседите главна алатка на неговата пропаганда“ порача Филипче.

За него, ова е враќање на периодот од 2008 година, кога нашата држава, од лидер во евроинтеграциите, падна на последното место.

„Овој апсурд не е виден никогаш во политичката историја. Но она што е видено и се повторува е периодот од 2008 година кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт. Тогаш, од лидери во ЕУ интеграциите паднавме на последно место. Сега повторно Влада на ВМРО-ДПМНЕ сака од последно место конечно да се откажеме од планот за евроинтеграции“ порача Филипче.