Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не може да се помири со фактот дека почнува најголемата градежна офанзива низ општините

СДС не може да се помири со фактот дека почнува најголемата градежна офанзива низ општините. 100 милиони евра пари од буџетот ќе бидат дадени за проекти на општините ширум државата. Тоа се средства кои со години некок општини не ги виделе и неможеле да реализираат голем број проекти кои се потребни, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Ова, како што нагласуваат, е само почеток.

„Секоја година на општините ќе им бидат достапни 250 милиони евра пари од буџетот за реализација на капитални проекти.

Целта на владата е Македонија да се развива рамномерно, забрзано и силно.

Ако СДС не веруваат во проектот, тогаш зошто градоначалниците од нивната партија поднеле документација“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оценуваат дека се лицемерни од СДС, „од една страна да го напаѓаат проектот, од друга први да аплицираат“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК